Вести
Полуматурантите ќе учат за опасностите од дрога и трговија со деца
Полицијата ќе ги едуцира основците од гостиварските училишта за опасностите од употребата на дроги и за превенцијата од трговија со деца. Предавањата ќе се организираат во рамки на два посебни проекти „Превенција од употреба на дрога“ и „Превенција од трговија со луѓе (деца)“ кои ги спроведува Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи. Со нив ќе бидат опфатени деветтоодделенците.
„Основците, на посебни часови, поблиску ќе бидат запознати со штетните здравствени и други последици од уживање на наркотични дроги и психотропни супстанци, но и со законските импликации за нивно неовластено произведство или продажба. Покрај тоа, учениците ќе бидат исцрпно информирани како да ја препознаваат можната трговија со луѓе и како најефикасно да се заштитат од нивно инволвирање во ваква криминална активност, односно опасност“, се вели во полициското соопштение.
Проектите се реализираат во соработка со локалната самоуправа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар