Поврзи се со нас

Гостивар

Полуматурантите од Гостивар и Тетово се едуцираат за своите права и обврски

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово неделава започна со практична имплементација на нов превентивно-едукативен проект „Децата, правата и обврските“, чиј носител е Отсекот за превенција. Со овој проект ќе бидат опфатени околу 2300 деветтодделенци од над 70 основни училишта на тетовското и гостиварското подрачје кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.

„На посебни часови во училиштата стручно обучени полициски службеници поблиску ги запознаваат учениците со детските права и обврски, во семејството, училиштата и општеството, кои произлегуваат од домашни и меѓународни договори и конвенции. Покрај тоа, основците се информираат и за тоа – што претставува малолетничка деликвенција и за други девијантни појави, асоцијални постапки, но и за можните законски импликации  доколку се инволвираат во истите.“, информира СВР.

Целта на проектот кој се планира да заврши до крајот на март годинава е деветоооделенците да знаат кои се нивните права, но и какви можат да бидат законските последици ако иницираат или непосредно учествуваат во незаконски појави и постапки.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена