Гостивар
Полупразно на пазарот во Гостивар, тезги помалку, муштерии слабо…
Глетката на градскиот пазар во Гостивар денес, како никогаш до сега на вторничен пазарен ден. Наместо продавачи што тријат раце и со елан ја нудат својата роба и граѓани што полнат ќеси, се ценкаат и избираат, околу пладне не‘ пречека полупразен пазар. Забележливо беше дека има доста помалку тезги, како и купувачи. Дури и тие што решиле да ја направат традицијата да излезат на пазарување, купуваа во помали количини, или само разгледуваа.
Тезгаџиите со кои позборувавме генерално се согласија дека овој вторничен пазарен ден нема муштерии. „До сега не паметам да било вака, празно е, нема народ кому да продадеш. Дали се потрошија премногу во јануари, плати ли чекаат или им стана полесно од маркети, пилари да си пазаруваат и зеленчук, овошје..не знам, но за нас е неисплатливо ова и жално“, ни рече еден од продавачите.
На тезгите, сепак можеше да се најде разновиден зеленчук и овошје, а цените варираа со невисоки разлики:
Цени:
Кромид 40-50 ден. кг
Компир 40-45 ден. кг
Зелка 40-50 ден. кг
Краставица 80-120 ден. кг
Пиперка 100-120 ден. кг
Домати 80-120 ден. кг.
Моркови 35-40 ден. кг
Киви-50 ден. кг
Мандарини 50 ден. кг до 3 кг. За 100 ден.
Портокали од 45 нагоре
Јаболка 3 кг. за 100 ден.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград