Поврзи се со нас

Македонија

Помал економски раст и зголемување на инфлацијата, предвидува Народна банка

Објавено

на

Помал економски раст и зголемување на инфлацијата предвидува Народната банка, која направи надолна ревизија на априлските проекции.

Есенските проекции на централната банка покажуваат дека годинава би ја завршиле со инфлација од 14,3 проценти, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 проценти. На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 проценти во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Не се предвидува квартален пад на економијата.

Според основното сценарио, стапката на раст за годинава би била 2,3 проценти, а за следната година 2,6 проценти, додека според второто сценарио, растот оваа година би изнесувал околу два процента и би забавил на 1,8 проенти следната година. На среден рок, се предвидува опоравување на растот на БДП на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Ризиците околу растот остануваат надолни и во голема мера ќе зависат од движењата во европската економија.

– Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција.

За разликата во инфлацијата што ја има во Европската унија и кај нас, гувернерката вели постојат неколку фактори.

– Нашата увозна зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Кај нас трговската отвореност е 140 проценти од БДП, а во ЕУ 70 проценти. Вториот важен фактор е голема увозна зависност во енергетскиот сектор, а нашата економија во споредба со европската е поенергетски интензивна. Третиот значаен фактор е потрошувачката кошничка, односно кај нас на храна и енергија отпаѓа околу 50 проценти, а во ЕУ околу 30 проценти. Оттука јасно е дека ист глобален шок ги погодува сите економии, но интензитетот со кој ги погодува, зависи од голем број домашни фактори, посочи Ангеловска-Бежоска.

За годинава, дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања се очекува да изнесува 7,4 проценти од БДП, а во 2023 година предвидено е да се намали на 5,6 проценти за на среден рок во 2024-2025 година да имаме низок дефицит на тековната сметка од 1,6 проценти од БДП, сличен на претпадемискиот просек.

Од Народната банка уште еднаш потврдија дека граѓаните не треба да се грижат за стабилноста на денарот затоа што девизните резерви се на ниво од 3,7 милијарди што е на слично ниво како и на почетокот на годината, а очекувањата се дека тие ќе продолжат да растат што е гаранција за одржувањето на домашната валута.

Приватните трасфери од странство бележат зголемување и се очекува годинава да надминат две милијарди евра. Минатата година растеле близу 40 проценти, а досега оваа година околу 30 проценти.

Најновите проекции за кредитниот пазар упатуваат на умерено забавување на растот на кредитната активност до крајот на годинава, кое ќе продолжи  и во 2023 година. Растот на кредитите во 2022 година се очекува да изнесува 9,2 проценти на годишна основа, додека во 2023 година 7,1 проценти. Во следниот период се очекува стабилизирање на кредитната активност, со просечна стапка на раст од 7,5 проценти во периодот 2024‒2025 година, во услови на раст на домашната економија, стабилизација на очекувањата и зголемена побарувачка на кредити од домаќинствата и корпоративниот сектор.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 5 часа

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Македонијапред 8 часа

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Македонијапред 11 часа

Од утре започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Вестипред 12 часа

Про-руската партија СМЕР ССД победи на парламентарните избори во Словачка

Рецептипред 1 ден

Слатко задоволство на многу генерации: Рецепт за лесна подготовка на туфахија

Гостиварпред 1 ден

Советничките Ќироска и Нешковска гости во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk

Занимливостипред 1 ден

На денешен ден..

Македонијапред 2 дена

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 2 дена

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена