Поврзи се со нас

Гостивар

Помалку ученици, ризик за технолошки вишок во училиштата-Дебата во Гостивар

Објавено

на

Трендот на намалување на бројот на ученици во гостиварските училишта, предизвикан од иселувањето и падот на наталитетот, носи ризици за работните места на наставниот кадар, односно за прогласување технолошки вишок. За тоа, какви се конкретно состојбите во училиштата и што треба да се преземе за надминување на проблемите, денес дискутираа претставници од училиштата, одговорните во општинскиот сектор за образование,  синдикатот за образование, просветниот инспекторат и Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС).

„Од средните училишта проблем има повеќе во еконосмкото училиште, кадешто секоја година се намалува бројката на ученици. Сепак, мислам дека оваа година тоа нема да биде така, со оглед дека се отворени нови смерови, особено сметам дека за учениците ќе биде привлечен смерот угостителство и туризам. За медицинско отсекогаш имало голем интерес, додека изминатите години расте интересот за техничкото што е резултат на отворањето нови смерови. Во гимназијата пак има опаѓање на бројката на ученици.“, рече претседателот на ЛЕСС Гостивар, Тафа Амети воедно и потпретседател на Синдикатот за образование и наука.

Според него најголем ризик од технолошки вишок има кај општите предмети како мајчин јазик, англиски јазик, математика и слично. За да се спречат ваквите појави, една од препораките е да се прават детални анализи за потребите и според тоа да се даваат решенија.

„Комисијата за трансформација на работен однос од определено на неопределено време работи 3 до 4 пати годишно, даваме многу решенија, што мислам дека не е добро. Општината треба да ги анализира заклучоците добро, заедно со препораките, да се најде решение и оние кои излегуваат на пензија да се заменат со тие кои се под ризик за технолошки вишок.“, смета Амети.

Што се однесува до основните училишта, надлежните проблемите ги лоцираат во периферните во селата, што е последица, освен на иселувањето и на трендот родителите да ги запишуваат децата во централните училишта во градот.

Од општинскиот Сектор за образование нагласија дека ќе направат анализа на изнесените податоци на дебатата, со првична проценка дека во новата учебна година нема да има технолошки вишок наставен кадар.

„Според сознанијата во централните основни училишта состојбата е добра, додека во руралните е специфично, затоа што нема доволно деца. Во средните училишта е стабилно,  освен во економско и гимназија, но сметаме дека состојбите ќе се подобрат со оглед дека имаме нови смерови и добри услови за школување и во тие училишта. Ќе анализираме добро и ќе извадиме заклучок што понатаму. Според досегашните сознанија и проценки за новата учебна година состојбата ќе биде добра нема да имаме проблеми, има кадар што излегува во пензија и тие ќе бидат покриени со другите професори, нема да примаме нови“, изјави раководителката на Секторот, Аслијан Снопче.

Бројката на ученици последната деценија на гостиварско подрачје има постојан тренд на опаѓање. Годинава основно училиште завршија 625 деца, додека лани беа запишани околу 570 првачиња.

Денешната панел дискусија ја организираше Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар во соработка со Локалниот економско социјален совет и Младинскиот културен центар – Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена