Здравје и убавина
Поместувањето на часовникот го пореметува биоритамот

Од ноќеска со поместување на часовникот еден час напред, влеговме во летното сметање на времето. Освен што се крати еден час спиење, оваа промената може да предизвика редица психо-физички здравствени тегоби кај луѓето во деновите што следат. Часовникот оди напред одеднаш, но на организмот му треба малку време за да се прилагоди на промената. Иако, можеби се чини дека еден час напред-назад не е ништо посебно, така е само на прв поглед.
Објаснувањето на стручњаците е дека човековиот организам навечер го лачи хормонот мелатонин, кој е многу важен и се смета за хормон на подмладување, делува како антиоксиданс. Така, кога ќе се поремети неговото лачење, настануваат здравствени проблеми, а прв на удар е кардиоваскуларниот систем.
Промените не ги чувствуваат сите и не се исти кај сите луѓе, но генерално се јавуваат следните тегоби:
-ненаспаност и голем замор
-бранови на студенило
-намалување на концентрацијата
-безволност и недостиг на енергија
Против негативните последици може да делувате на едноставен начин, како на пример да избегнувате да правите работи што обично ви носат нервоза и стрес. Исто така, се препорачува балансирана исхрана и прошетки во природа. Доколку промената на времето удри силно врз вашиот сон, потрудете се да создадете пријатни услови во спалната соба за полесно да заспивате. Тоа подразбира удобен душек и перница, редовно проветрување на просторијата и оптимална температура.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден