Гостивар
„Помислете и на нас“ – акција во Гостивар за помош на сиромашните семејства
Oпштинската организација на Црвениот крст Гостивар по повод Неделата на борба против гладта, од 16 до 22 октомври започна кампања под мотото „Помислете и на нас“, за помош на сиромашни семејства. Во рамки на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка и поддршка на компании, здруженијата на граѓани, граѓани и поставање на штанд во дел на маркетит и во центарот на градот.
„Со ова, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст на РСМ дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните. Вашата вклученост и поддршка на кампањата ќе даде придонес во севкупните напори кои се превземаат за помош на ранливото население.“, наведуваат од организацијата.
Парични средства за донации можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 со Даночен број: 4030984271620 Комерцијална банка АД Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400. Со парите ќе се обезбедат пакети со храна за помош на социјално загрозени семејства.
Собирни штандови во овој период ќе бидат поставени во:Монтенегро, Стокомак и ЕТЦ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар