Македонија
Помош за граѓаните со ниски примања за подмирување на сметките за струја

Владата на вчерашната седница ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со која се дефинираат потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија, мерките за заштита кои се преземаат, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, и потребните средства и извори за финансирање.
Според Програмата, како што информираат од владината прес-служба, ранлив потрошувач е домаќинство коешто користи гарантирана минимална помош и остварува паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со Законот за социјална заштита и во коешто живее лице во состојба на социјален ризик (мајчинство, болест, старост, повреда и попреченост).
За заштита на ранливите потрошувачи предвидени се следните мерки:
– Директна финансиска поддршка на ранливи потрошувачи на енергија како паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во месеците од октомври до март;
– Финансиска поддршка за лица со ниски примања доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за самец до 15.194,00 денари; за домаќинство со два члена до 18.000,00 денари; за домаќинство до три члена до 21.000,00 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000,00 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 30.000,00 денари. Овие лица ќе го остварат правото по пат на јавен оглас кој ќе го објави Министерството за економија.
Финансиската поддршка ќе се исплатува 12 месеци со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.
За ранливите потрошувачи, како што информираат од владината прес-служба, коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството се предвидени и дополнителни мерки што ги презема операторот на системот за дистрибуција на енергија, како што се се ослободување од обврските за плаќање на надоместок за повторно приклучување, трошоците за вонредна верификација на мерната опрема, како и други слични мерки.
За спроведување на оваа Програма обезбедени се средства во износ од 60.000.000,00 денари и ќе се применува од 1 јануари 2022 година.
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие