Поврзи се со нас

Македонија

Помош за отпуштените во коронакризата со активните мерки за вработување во 2021 – промовиран планот

Објавено

на

Оперативниот план „Шанса за сите“ кои содржи активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година, денеска беше презентиран од страна на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан.

За реализација на планот издвоени се 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, информираа на денешната прес-конференција.

„Со вкупен буџет од околу 24,5 милиони евра, овогодинешниот Оперативен план ќе го зајакне и поддржи пазарот на трудот во земјава за надминување на последиците од Ковид кризата“, истакна заменик-претседателот Битиќи.

Тој посочи дека важно при имплементацијата на овогодинешниот Оперативен план е тоа што тој ќе биде поддршка на оние кои ги изгубија своите работни места во кризата, нивното враќање на пазарот на трудот е инклузивно и поттикнува рамномерен регионален развој.

„Целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оперативниот план, која нема да биде селективна и која ќе ги опфаќа сите категории на граѓани. Владата ги креира економските мерки за спас на секое работно место, но никој нема да биде оставен сам. Оние кои во оваа криза ги изгубија своите работни места ќе бидат опфатени со овој Оперативен план, но и не само тој. Во моментов здравјето на граѓаните е приоритет, се останато ќе надокнадиме заедно“, истакна Битиќи.

„Целта на Оперативниот план е различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот“, потенцираше министерката Шахпаска.

Таа посочи  дека во соработка со Агенцијата за вработување годинешниот Оперативен план е креиран во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите, со единствена цел да се обезбеди поголема вработливост и намалување на невработеноста, како и вадење на граѓаните од социјален ризик.

„Преку мерката „Економија на грижа“, односно Обука и вработување на лица за услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест, обезбедуваме обука за невработени лица за стекнување стручни квалификации и вештини. Во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и за лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надоместок од 30.780 денари. Со оваа мерка се опфатени 150 лица“, посочи Шахпаска.

„Програмата за развој на Обединетите нации оваа година ќе се вклучи во реализацијата на Оперативниот план со сет нови иновативни мерки фокусирани на економијата на грижа при што на најранливите категории невработени лица ќе им се понудат механизми за активирање на пазарот на трудот. Екомонското зајакнување на жените е важна област во работењето на УНДП, и токму затоа овие активности ќе опфатат нови начини за зајакнување на позицијата на жената на пазарот на трудот.  Во исто време ќе се понудат подобри социјални услови за најранливите, а од друга страна ќе се отворат нови работни места за жени кои претходно биле оптоварени со неплатена работа“, истакна Нарине Сахакјан, постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации во државата.

Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири истакна дека Агенцијата за вработување во целост е подготвена за имплементацијата на Оперативниот план за вработување за 2021 година кој содржи програми и мерки кои ќе обезбедат создавање и поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица.

„Почнувајќи од денес невработените лица и работодавачите ќе може да аплицираат за програмите и мерките за вработување за кои утрово ги објавивме јавните огласи, односно за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, програмата Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи“, информираше Демири.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 минути

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 15 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 16 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 17 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 19 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 20 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена