Поврзи се со нас

Македонија

Помошта за ранливите групи ќе биде исплатена на 13 февруари

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13 февруари.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 6 февруари 2023 година и тоа на веб страната на Министерството за труд и социјална политика за корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Како што информира МТСП, на веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ќе биде објавен список на корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

На веб страната на Агенцијата за вработувањ, пак, ќе биде објавен список на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Според Министерството, списоците списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена