Македонија
Пониски цени на бензините и дизелот од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), за денар и половина, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), за два денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 денари за килограм, информираат денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 46,909 (денари/килограм)
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.7.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос