Вести
Поплаки и незадоволство од „Мој термин“
Граѓаните коишто секојдневно се обраќаат во канцелариите на Народниот правобранител, се почесто го изразуваат своето незадололство од проектот „Мој
термин“, кој наместо да придонесе за поедноставен и ефективен начин на здравствена заштита создаде хаос во јавното здравство. Ова е наведено во годишниот извештај на Народниот правобранител за 2016-та година.
Во продолжение на извештајот стои: „Критиките на граѓаните не стивнуваат, тие секојдневно се жалат на (не)функционирањето на овој новитет, на непотребното чекање со недели и месеци за неопходни и неодложно-итни прегледи, снимања, и други медицински испитувања, кои поради својата ургентност можат да бидат и со фатални последици. Токму од овие причини, а се со цел што побрзо да дојдат до медицинска услуга, дијагностика, интервенција граѓаните со влошена здравствена состојба и со разни високоризични заболувања, иако осигуреници, се приморани да пристапат и да ги користат услугите на приватните здравствени установи, чии цени поради монополската поставеност се превисоки, за и онака скромниот стандард на граѓаните“.
Омбудсманот излегува со препорака сериозно да се преиспита проектот „Мој термин“ и врз основа на темелна анализа да се воочат недостатоците. „Проектот можеби е добро замислен, но очигледно е со пропусти и слабости во имплементирањето, што го прави неефикасен“, стои во извештајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград