Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 04/02/2018

Поплавени куќи во гостиварското село Лакавица – жителите бараат помош

Обилните врнежи од дожд кои го зафатија гостиварскиот регион во текот на ноќта, доведоа до излевање на Лакавичка река од коритото кое поминува на средината на селото Лакавица. При тоа,   поплавени се неколку куќи.

Жителите реагираат и бараат помош од надлежните институции. Велат дека за проблемот уште синоќа алармирале и очекуваат некој да им излезе во пресрет.

Сега за сега, на подрачјето на Гостивар нема други пријави за настанати поплави и последици од врнежите.

Во тетовско имаше излевање на помали реки на повеќе места, селата Палчиште, Порој, Доброште и други.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*