Поврзи се со нас

Вести

Поради истекување привремено се затвора нуклеарната централа „Исар два“ во Германија

Објавено

на

Операторот на германската нуклеарна централа „Исар два“ ​​го известил Министерството за екологија на Германија дека има истекување, кое не ја загрозува безбедноста, но може да го искомплицира енергетскиот план на Владата за оваа зима, извести Министерството.

Во соопштението се наведува дека се потребни поправки кои ќе траат седум дена, при што работата целосно ќе биде прекината, а поправката е услов нуклеарната централа да работи по 31 декември. Планирано е работата на „Исар два“, во јужната провинција Баварија, да биде прекината на крајот на годинава како дел од планот на Владата за постепено елиминирање на нуклеарната енергија.

Сепак, поради војната во Украина и прекинот на увозот на гас од Русија, дојде до промена на политиката и владата сега планира да ги задржи на готовност два од трите преостанати нуклеарни реактори и за следната година.

Од „Преусен Електра“, операторот на нуклеарната централа „Исар Два“ најавија дека реакторот може да работи до планираното исклучување, но дека е потребна седумдневна поправка во октомври доколку сака да продолжи да функционира следната година.

Германија ги утврди своите планови да се откаже од нуклеарната енергија во 2011 година. Според тие планови, три реактори беа затворени во 2021 година и уште три оваа година, а два останаа во фаза на исклучување, вклучувајќи го и Исар 2. 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена