Вести
Поради невреме одложен 56. Мавровски меморијал
Лошите временски услови го одложија денешниот старт на 56. „Мавровски меморијал“ во скијачко трчање, на кој се очекува да настапат педесетина ски-тркачи од Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Грција, Турција и Бугарија.
Невремето, проследено со силен ветар и наносите на снег, како и температурата од -10 степени целзиусови беа причина селекторот на македонската нордиска репрезентација, Ѓоко Динески да соопшти дека нема услови за одржување на трките, пренесува Спорт1.
Според планот, денеска од 10.30 часот требаше да се одржи трката во женска конкуренција на пет километри, додека од 11 часот беше закажана трката во машка конкуренција на 10 километри, но времето ги расипа плановите.
Стартот е одложен за утре, за кога се очекуваат подобри временски услови.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар