Поврзи се со нас

Гостивар

Поради пандемијата гостиварци навалија на витамини и други имуностимуланси

Објавено

на

Медицината докажала дека во борбата против вирусите и последиците кои ги предизвикуваат, најважен е имунитетот на организмот. Откако почна ковид пандемијата, лекарите ги советуваат граѓаните да работат на подобрување на својот одбранбен систем. Така, полесно ќе се справат со заразата, доколку дојдат во допир со неа.

Короната ги натера и гостиварци да водат поголема грижа за своето здравје и да делуваат превентивно. Во аптеките во Гостивар има зголемена побарувачка за витамини и препарати за зајакнување на имунитетот. На граѓаните им стана навика да ги купуваат, што не било случај порано.

„Претежно во овој период повеќе бараат витамини, имуностимуланси за полесно да го пребродат вирусот, ако го фатат, или на некој начин да се заштитат. Порасна свеста за превенција, што е многу добро. Јас како фармацевт би препорачал за зајакнување на имунитетот граѓаните да користат бетаглукан, цинк, селен, а секако во заштитата најважни се мерките: носење на маска, дистанца и одржување на хигиена“, вели фармацевтот Алберт Селими од Кенан Фармаси.

Освен во аптеките, по извори на зајакнување на имунитетот гостиварци често свраќаат и до зелените тезги. Продавачите велат граѓаните периодов редовно купуваат поголеми количини овошје и зеленчук, особено лимони, за кои се знае дека содржат многу витамин ц.

Регионот на Гостивар од почетокот на месецов често е меѓу првите во Македонија по дневната бројка на новозаразени со коронавирус. Причината за тоа надлежните ја лоцираа во непочитувањето на мерките и препораките за заштита.

Моментално бројот на активно болни се движи 240, од кои близу 200 се од Општина Гостивар, помал дел од Општина Врапчиште и само неколку во Маврово и Ростуше.

Вчера на подрачјето, Министерството за здравство потврди рекордни 23 новозаразени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена