Вести
Поради штрајк за повисоки плати откажани 700 појдовни летови во Германија

Сите полетувања од четирите аеродроми во Германија во Дизелдорф, Хамбург и Келн/Бон ќе бидат откажани денеска и утре, поради штрајкот на безбедносните контролни работници, кој го свика синдикатот Верди, а со последиците од прекинот ќе се соочат најмалку 100.000 патници.
Според германското здружение на аеродроми АДВ, околу 700 појдовни летови ќе бидат откажани поради штрајк. Синдикатот Верди, исто така, го повика персоналот за безбедност утре да ја прекине работата на аеродромот во Штутгарт, а не се знае колку откажувања ќе предизвика тоа.
Причина за штрајкот се преговорите меѓу синдикатот и Федералната асоцијација на компании за воздухопловна безбедност (БДЛС) за бонуси за ноќни смени, работа во сабота, недела и државни празници, кои не постигнале напредок.
Високата инфлација во најголемата европска економија предизвика бран штрајкови во последниве месеци бидејќи работниците бараат повисоки плати за да се надоместат зголемените животни трошоци.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение