Поврзи се со нас

Македонија

Поради топлото да се внимава на храната и милениците, апел од АХВ

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, поради топлото време и високите температури да внимаваат на безбедноста на храната, но и на здравјето на милениците и домашните животни.

Според АХВ, најавено зголемување на дневните температури ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна.

-За да се спречи ова, неопходно е да се направи правилен избор на храна при нејзина набавка и да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Потребно е да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, а пред се да се купува храна од проверени места каде има соодветни услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди, наведува АХВ.

Агенцијата ги потсетува потрошувачите да избегнуваат купување и консумирање храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да ги купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како месото, млекото и јајцата да не ги чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства.

-Да се одбегнува купување на разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или во замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени Целзиусови, а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, а месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња и другите животни кои може да дојдат во контакт со неа, апелира АХВ.

Според Агенцијата, граѓаните кои јадат во угостителските објекти, да водат сметка дали операторите со храна се грижат за хигиената и безбедноста на храната.

-Во објектите за брза храна да се одбегнува употреба на додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи,… Доколку се процени дека храната не е безбедна, да не се ризикува – храната да се фрли, истакнува Агенцијата.

Високите температури, дополнува АХВ, се опасност и за домашните животни и милениците.

Сопствениците, потсетува Агенцијата, да не ги оставаат домашните миленици животните во затворен автомобил директно изложен на сонце, да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.

На фармите, пак, да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите.
Животните да се заштитат од директните сончеви зрачења, на испустите да има натстрешници или природни ладовини, а излегувањето да биде во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски.

-Порастот на температурите претставува стрес за секое животно кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаи доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата. Во услови на високи надворешни температури да се води сметка ако дојде до топлотен удар, животните да се сместат во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество свеж воздух. Да им се даде доволна количина свежа вода, а телесната температура да им се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо, наведува АХВ.

Сподели ја веста:
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 5 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 13 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 13 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 15 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 16 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 16 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 1 ден

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Македонијапред 2 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена