Македонија
Поради високите температури зголемена потрошувачката на струја

ЕВН Македонија вчера регистрирала најголема потрошувачка на електрична енергија во земјава во изминатите 30 дена. Како што информираат за МИА од компанијата, од 17 јуни до 17 јули вкупно се потрошени 405.028 мегават часови електрична енергија што, според нив, се должи на високите температури во овој период.
„Најголема потрошувачка од 16.015 мегават часови е регистрирана вчера, во еден од најтоплите денови во овој период со минимални 21 и максимални 38 степени Целзиусови измерени на скопскиот аеродром“, велат од ЕВН Македонија.
При тоа нагласуваат дека скопскиот регион како најголемо конзумно подрачје во изминатите 30 дена има вкупна потрошувачка од 148.399 мегават часови електрична енергија или во просек по 4.787 мегават часови дневно, а вчера потрошувачката изнесувала 6.070 мегават часови.
Потсетуваат дека минатата година во периодот од 17 јуни до 17 јули вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 421.287 мегават часови, а просечната дневна потрошувачка била 13.590 мегават часови.
-Разликата во потрошувачката од лани до годинава се јавува заради разликата на температурите. Годинава во овој период имаме значително пониски температури во јуни и повисоки во јули во однос на истиот период лани, посочуваат од ЕВН Македонија.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!