Поврзи се со нас

Гостивар

Поради загаден воздух во Гостивар на сила препораки за ослободување од работа, помалку користење возила…

Објавено

на

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека поради зголемено загадување на воздухот и во Гостивар стапуват на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ 10 честички. 

-Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека тој е надминат на мерното место во Гостивар, се вели во денешното соопштение од МЖСПП. Се препорачува:

  • Работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
  • Да се реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.
  • Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
  • Сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.
  • Ограничување на работите на градежните објекти
  • Да се обезбедат прифатилишта за  сместување на  бездомници.
  • Да се дава поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
  • Да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба
  • Да се започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола,

Од Министерството посочуваат дека поради проблеми со мрежните системи на Министерството и инсталација на нова серверска опрема не им се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Гостивар за епизодата на алармантно загадување на воздухот. Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од Министерството.

Вчера Владата соопшти дека овие препораки стапуваат на сила во Скопје, Кичево, Струмица и Кацадарци.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 5 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 7 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 9 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 9 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 11 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 12 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 15 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена