Поврзи се со нас

Вести

Поранешниот бразилски репрезентативец Едмилсон ќе подучува млади фудбалери во Гостивар

Објавено

на

Под водство на некогашниот бразилски репрезентативец и играч на Барселона и Лион, Едмилсон Мораес, во Гостивар ќе се организира Летен камп за млади фудбалери. Летната школа е предвидена за во јуни 2019-та година и ќе биде добра можност за фудбалските таленти од градот, но и цела Македонија да покажат што знаат и умеат на теренот.

Познатиот фудбалер има своја фондација преку која подучува и поддржува млади фудбалери во повеќе земји ширум светот. Едмилсон денес беше во посета на Гостивар и се сретна со градоначалникот Арбен Таравари.

Прв пат сум во Македонија, но знам дека децата овде сакаат да играат фудбал. Јас не сум активен играч шест години, но имам своја фондација во која се вклучени илјадници деца, кои ги подучуваме. Најважното нешто за еден фудбалски играч не се титулите, туку да се биде добар човек и граѓанин. Такви вредности промовираме преку нашиот камп. Сакаме да ги научиме децата што е суштината на фудбалот. Не е тоа само фати ја топката во раце и трчај, туку преку фудбалот се учат важните вредности кои остануваат за цел живот: да бидеш истраен, да се стремиш кон напредок, да развиваш креативност“, рече фудбалерот.

Градоначалникот се заблагодари на сите што помогнале да се воспостави релацијата со фудбалерот и одржувањето на летната школа во Гостивар, која ккао што потенцираше може да им ги отвори вратите на младите таленти кон познати европски клубови.

Едмилсон и Таравари разменија симболични подароци. Фудбалерот го доби Клучот на градот, додека тој на домаќинот му подари дрес на Барселона.

Едмилсон го посети и градскиот стадион кадешто го пречекаа млади фудбалери.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена