Поврзи се со нас

Македонија

Пораст на лицата кои консумираат алкохол и дрога, особено кај младите

Објавено

на

Зголемен е бројот на лица кои конзумираат алкохол и дрога, особено кај помладите, покажуваат податоците што за МИА ги споделија од Токсиколошкиот информативен центар при Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје.

Во првата половина од годинава евидентиран е пораст од 13,5 проценти на алкохолни труења во споредба со истиот период минатата година, додека кај злоупотребата на дрога забележано е зголемување од 281 процент споредбено со првата половина лани.

„Застапеноста на акутните интоксикации со алкохол и дроги е со позитивен тренд во последните години, кој се одржува дури и во периодот на пандемија, но, тој пораст во 2023 година станува уште позначаен. Во 2022 година, акутни интоксикации со ПАС, поединечно или во комбинација со алкохол се зголемуваат за 104 отсто, споредено со 2021 година. Во првата половина на 2023 година е евидентиран пораст на алкохолните труења за 13,5 проценти, споредено со истиот период минатата година“, велат од Токсиколошкиот информативен центар за МИА.

Од Центарот откриваат дека најмногу се третираат акутни интоксикации со кокаин, кои се застапени со над 30 проценти од сите акутни труења со дроги, а во последно време најчесто се во комбинација со алкохол.

„Алкохолот силно го потенцира дејството на кокаинот и ја прави клиничката слика на овие состојби уште посериозна, со потенцијал за развој на фатални компликации како акутен миокарден инфаркт или мозочно васкуларно страдање“, нагласуваат од Токсиколошкиот информативен центар.

Оваа година во Центарот се пријавени два случаи на употреба на дрога кај деца под 14 години, односно кај возрасната група од девет до 14 години, во текот на јуни, што не било случај во претходните три години во истиот период.

Пораст на акутните алкохолни интоксикации во јули 

Податоците со кои располага Центарот при Универзитетската клиника за токсикологија покажуваат дека во јули годинава има пораст на акутните алкохолни интоксикации за 65,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Кај малолетниците под 14 години и од 15 до 19 години, минатиот месец е регистриран пораст од 100 отсто споредено со јули лани, а кај возрасните од 20 до 74 години забележан е пораст од 73,7 проценти.

Во 2022 година, акутните труења со етил алкохол биле на првото место според застапеноста во вкупниот број на труења и имало зголемување од 28,4 проценти во споредба со 2021 година.

Злоупотреба на дроги во јуни за 375 отсто поголема од лани

Од Центарот укажуваат дека злоупотребата на дроги во првата половина на годинава е зголемена за 281 отсто, споредено со првата половина на 2022 година. Само во јуни забележуван е пораст од 375 проценти, а во јули за 54,5 отсто, споредено со истиот период во 2022 година.

Во текот на јули најголемо зголемување на употребата на дроги има кај возрасната популација над 20 години и тоа за 54,5 проценти, а нема значајно зголемување кај популацијата под 19 години.

Овој податок, велат од Информативниот токсиколошки центар, треба да се интерпретира во рамки на движењата на луѓето во тек на летните одмори, кога голем дел се надвор од местото на живеење.

„Алкохолните акутни интоксикации и злоупотребата на другите психоактивни супстанции годинава се најмногу застапени во јануари, како и во пролетните месеци март, април, мај, за да во летните месеци благо се намалуваат, како резултат на годишните одмори и патувањата надвор од местото на живеење. Во месец јули регистриран е пораст на акутни алкохолни интоксикации за 65,2 проценти, споредено истиот период минатата година“, посочуваат од Токсиколошкиот информативен центар.

Податоците на Центарот укажуваат дека конзумирањето на алкохол и дрога е позастапено кај лицата од машки пол.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 8 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 10 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 12 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 13 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 14 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 14 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 16 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 17 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена