Поврзи се со нас

Македонија

Поречани најавија протести поради неизграден пат: Се чувствуваме како граѓани од втор ред!

Објавено

на

Граѓански здруженија од поречкиот регион и повеќе совети на месните заедници во рамки на општината Македонски Брод, најавија протест поради како што велат повеќедецениско нерешавање на прашањето за изградба на регионален пат помеѓу населените места во рамките на Општината Македонски Брод и Скопје. Протестот ќе биде со неколкучасовна блокада на регионалниот пат 1106 спрема шумскиот резерват „Јасен“ и на патот од селото Нова Брезница до браната Козјак.

„Сакаме да нагласиме дека досега во повеќе наврати поднесовме барања до Владата на Република Северна Македонија,  Генералниот секретаријат на Владата и Кабинетот на Премиерот, како и до ЈП за Државни патишта и до Министерството за транспорт, а одржавме и средби со  надлежните инситуции во врска со нашето барање за решавање на овој за нас исклучително важен проблем. Како што е познато од Скопје до Самоков сé уште се стига само низ резерватот Јасен и тоа во три тремини во лето и два во зима. Траса долга 16,5 километри се вози по пат широк само 2,5 метри, и тоа по распоред од по 30 минути за еден правец.  Доколку се задоцни за овие термини, тогаш треба да се возат околу 200 км преку Кичево до Скопје. Ова е вистинска голгота и за оние 800 жители кои секојдневно одат на работа во Скопје, но и за сите жители на овој регион. Во овој крај инаку гравитираат 45 села и 6 викенд населби. Иако со изградба на акумулацијата Козјак беше најавено пробивање две траси покрај езерото, со што би се решил деценискиот проблем  и ќе се остварат елементарните човекови права на жителите од Поречието,  ова остана само на хартија.“, соопштија од Здружението на граѓани „Поречки средби“.

Од таму нагласија дека сметаат укажувале дека непостоењето регионален пат резултирало со масовно иселување на жителите во околните градови, повеќето во Скопје, Тетово и Гостивар, а најмногу во странство.

„Ние жителите од Поречието се чуствуваме како граѓани од втор ред во државата и излегува дека ниту Владата, ниту институциите не водат сметка за интересите на граѓаните, што е всушност и нивна обврска и затоа се чуствуваме навредени од крајно игнорантскиот однос на институциите кон нас со години наназад. Токму затоa, очекуваме нашето барање да  биде најитно разгледано и прифатено на начин што изградбата на овој регионален пат ќе влезе во програмата на ЈП за Државни патишта уште во оваа година и во најкраток можен рок ќе започне изградбата на патот. Во спротивно ќе ја информираме јавноста за точниот термин на протестот, кој ќе биде уредно пријавен, а исто така најавуваме дека ќе  продолжиме со перманентно  организирање протести.“, стои во продолжение на соопштиението.

Здружението итао така најави дек анаселението ќе ги бојкира и претстојните локални избори есенва.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 18 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 54 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена