Поврзи се со нас

Занимливости

„Порше” продал над 300.000 автомобили во 2021 година

Објавено

на

Пандемијата на коронавирус и недостатокот на полупроводници не го спречија „Порше” да постави нова рекордна продажба. Откако „Ламборгини” и „Бентли” се пофалија со рекорд во 2021 година, и германската компанија соопшти дека продала 301.915 автомобили, што е 11 отсто повеќе отколку во 2020 година, благодарение на зголемената побарувачка во сите глобални продажни области.

– И покрај предизвиците од недостигот на полупроводници и прекините на пандемијата на коронавирус, работевме напорно за да им овозможиме на повеќе клиенти од кога било досега да го исполнат својот сон и да поседуваат Порше. Побарувачката е сè уште висока и нарачките веќе ни ги преполнуваат „книгите”, рече Детлев фон Платен – одговорен за маркетинг во компанијата.

По земји, во Кина растот е осум отсто, или продадени 96.671 автомобил, во САД – 22 отсто и продадени 70.025 автомобили, а во Германија, продажбата е зголемена за девет отсто, на 28.565 автомобили.

Најпродаваниот модел на „Порше” лани е „Макан”, со продадени 88.262 примероци, а по него следи „Кајен” – 83.071 примерок. И електричниот седан-караван „Тајкан” дефинитивно заслужува внимание, со 911 продадени возила.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 32 минути

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 3 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 4 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 6 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 7 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 9 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 9 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 1 ден

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Македонијапред 1 ден

Демолиран кафе барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена