Поврзи се со нас

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Тетово во понеделник поради посета на висока турска делегација

Објавено

на

    На 23-ти Декември (понеделник) во Тетово, по повод престојoт на официјална делегација предводена од Претседателот на големиот парламент на Република Турција, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета.

    Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата од клучка Брвеница до Тетовски универзитет, потоа на булевар ,,Илинденска“ на потегот од крстосницата со улицата „Брвенечка кривина“ до „Шарена џамија“, по улица ,,Киро Ристоски – Дрнц“, улица ,,Луботенска“, до Арабати Баба Теќе, и по улицата „Ѓорче Петров“ и улица „Браќа Миладинови“. Потоа, булевар „Видое Смилевски Бато“ од кружен тек со булевар „Илинденска“ до улица ,,Фуштанска“ и обратно.

    „Возилата кои ќе бидат затекнати паркирани на обележани паркинг места ќе бидат подигнати со специјално возило пајак и сопствениците ќе може да си ги земат без никакви надоместоци, додека тие возила што ќе бидат подигнати од недозволени места за паркирање ќе се соочат со законски мерки. Исто така, на сите други улици во градот, каде е веќе забрането паркирање, ќе се санкционираат и подигнуваат возилата со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот.“, информира полицијата.

    СВР Тетово со апел до граѓаните во понеделник – 23 Декември – да не се движат со возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена