Македонија
Посебен сообраќаен режим кон Лешок за празнувањата на Голема Богородица

Секторот за внатрешни работи Тетово ги интензивираше планираните подготвителни активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод престојниот православен христијански празник „Голема Богородица“, кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.
Во рамките на овие активности, покрај другото, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кој ќе започне да се применува на 27-ми август во 16 часот. „Притоа, влезот кон манастирскиот комплекс ќе се реализира преку главната клучка од регионалниот пат кон селото Лешок, а излезот преку локалните улици кон селото Слатино. Со цел полесно да се ориентираат возачите, на неколку места ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе бидат распределени и полициски службеници кои ќе го регулираат одвивањето на сообраќајот во двете насоки.“, информира СВР Тетово.
Полицијата на сите граѓани кои со возила ќе пристигнуваат до манастирскиот комплекс им укажува да ги паркираат само на определените локации за таа намена и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го насочуваат движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно.
На граѓаните им се препорачува, исто така, при пристигнување до манастирскиот комплекс да не ги оставаат возилата на локалниот и регионалниот пат, да бидат трпеливи, непотребно да не брзаат и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос