Поврзи се со нас

Македонија

Посебен сообраќаен режим утре во Тетово поради посетата на Курти

Објавено

на

Утре 11-ти август (петок) во Тетово, по повод престојoт на официјална делегација на Република Косово, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета.

Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со улицата „Видое Смилевски-Бато“ до плоштадот, булевар „Благоја Тоска“, улица „ЈНА“. Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање  на улицата „ЈНА“, на потегот од крстосницата на улицата „Димо Гавровски-Кара“ до булеварот „Илинденска“, како и на булеварот „Илинденска“, на потегот од крстосницата на булеварот „Маршал Тито“ со улицата „ЈНА“, на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ и дел од улица ,,Иво Рибар Лола“.

На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, велат од полицијата.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните во петок 11-ти август да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација.

Како што претходно беше најавено, утре премиерот на Косово, Албин Курти ќе им биде гостин на градоначалниците на Тетово и на Чаир, Биљал Касами и Висар Ганиу.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена