Гостивар
Посебни правила за сообраќај и отпад за време на Галичката свадба
Престојниот викенд во Галичник се одржува вековната традиционална манифестација Галичка свадба, која собира посетитетли и туристи од сите страни за светот. Заради непречено и безбедно одржување на настанот, Месната заедница апелираше до сите учесници, посетители и галичани да се придржуваат до одредени правила за одлагање на отпадот и движење со моторни возила.
„Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади хотел Неда. Камион на Јавното комунално препријатие Маврово ќе биде паркиран на патот кон Света Петка и ако некому му е неопходно за време на викендот да одложи отпад, ќе треба да го стори тоа директно во камион. Паркирање на паркингот на Пеш, околу Црквата Свети Петар и Павле, на Упија, на коловоз од Црквата Свети Петар и Павле до куќата на Лукановци од каде ќе се земе невестата НЕ Е ДОЗВОЛЕНО во ниту еден момент од 15 ти до 17 ти јули. Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во ПЕТОК, 15 ти јули ќе биде забранет од 20:00 часот, па до 01.00 часот изутрина. Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во САБОТА, 16 ти јули ќе биде забранет од 18.00 до 22.00 часот. Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во НЕДЕЛА, 17 ти јули ќе биде забранет од 7.30 до 15.00 часот. Во термините во кои е забранет сообраќај, паркирањето на автомобили кои ќе доаѓаат кон Галичник ќе биде на Селска ливада“, стои во објавениот куќен ред. Месна заедница Галичник обезбедува слободен превоз на посетителите во недела на релација Селска ливада – Галичник.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар