Рецепти
Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

Велигденскиот пост оваа година започна на 3-ти март и трае до 19-ти април, и иако секоја од седумте недели од постот има свои правила, повеќето денови вклучуваат јадења без масло.
За време на воден пост или строг пост треба да се откажете од секаква храна од животинско потекло, како и од храна која содржи масло или е подготвена со масло.
Меѓу намирниците кои се многу хранливо богати и овозможуваат чувство на ситост, а можете да ги јадете за време на строг пост, се: сирово овошје и зеленчук, варено овошје и зеленчук, салати од свежо овошје и зеленчук, ореви, замена за млеко од растително потекло, супи и чорби од зеленчук.
Една од препораките за десерт е пита со вода, а еве како се подготвува.
Потребни состојки:
- 500 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 6 лажици џем
- ореви и суво грозје
- чаша сецкани урми
- 500 ml вода
- сок и рендана кора од портокал
- половина лажица прашок за пециво и половина лажица цимет
- рендана кора од лимон
- една лажичка сода бикарбона и какао
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за питата, додадете вода и повторно измешајте, истовремено загревајќи ја рерната на 180 степени. Следно, истурете ја смесата во калап или плех и печете 30 минути, па посипете ја со јаткасти плодови. Потоа оставете ја питата во рерна уште 10 минути и совршената посна торта е подготвена за јадење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?