Поврзи се со нас

Гостивар

Посета и новогодишни пакетчиња за Здруженијата на слепи и глуви лица во Гостивар

Објавено

на

Традиционално во деновите пред новогодишните празнувања, гостиварската локална самоуправа ги посетува здруженијата на ранливи категории граѓани, остварува средби со нивните членови и им подарува пакетчиња. Така денес, претставниците од Секторот за социјални дејности беа во посета на Здружението на слепи и лица со оштетен вид „Реалност“, и Здружението на глуви „Тишина“.

„Општината, а посебно градоначалникот секогаш покажуваат посебно внимание кон лицата со попреченост, така е и овој пат. Благодариме на соработката, поддршката што постојано ја добиваме, која ни е од големо значење. Годината што изминува беше добра, но се надеваме дека наредната ќе биде уште подобра, поуспешна. На сите лица со попреченост им ги честитам празниците и им посакувам здравје и се‘ најубаво“, рече Џеват Фејзули, претседател на „Реалност“ , здружение кое има над 60 члена.

Благодарност за вниманието и посетата изразија и од Здружението „Тишина“.

„Благодариме на Општина Гостивар што секоја година не‘ не забораваат и не‘ посетуваат и се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме со соработка“, рече Билјана Среткоска, секретар на Здружението во кое членуваат 25 граѓани.

Како што истакна раководителката на општинскиот Сектор за социјални дејности Имерлие Салиу новогодишни пакетчиња ќе бидат поделени и за учениците во специјалните паралелки во училиштата, како и останатите центри кои ги посетуваат деца и лица со посебни потреби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 8 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 10 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 12 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 13 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 14 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 15 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 17 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 17 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 19 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена