Локални избори 2017
Посета на бизниси и семејства во Балиндол на денешната агенда на Бејта

„Денес со задоволство посетив неколку успешни бизниси и домови во гостиварски Балиндол. Им благодарам за гостопримството. Заедно работевме на обезбедување на потребна инфраструктура и соодветна бизнис клима, и овозможивме печалбарите да инвестираат во својата татковина. Успешни бизниси, вработени семејства и производи за извоз, се важни индикатори кои ни покажуваат дека локалната економија се развива“, потенцираше кандидатот за градоначалник на Гостивар од ДУИ, Невзат Бејта при посетата на Балиндол. Во ова село со својот тим, посети неколку фабрики: за производство на врати и прозорци, за отукп и преработка на печурки и други шумски плодови, фабрика за производство на мебел и фабрика за производство на декоративни штитници од железо.
Кандидатот Невзат Бејта истакна дека позитивните инвестиции во општина Гостивар се резултат на постојаната работа и соработката со граѓаните. Тој денес во Балиндол посети и повеќе семејства и ги презентираше проектите од програмата „Утрешен Гостивар“. “Ме радуваат реакциите на граѓаните во секоја населба и село. Овде младите ме изненадија со торта со моја слика, а еден од нив го ставил и нашето лого за кампањата на својот автомобил“, рече Бејта.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!