Гостивар
Пошта во Гостивар наскоро ќе отвори уште еден шалтерски пункт
Раководството на подружницата на Пошта во Гостивар најавува дека за неполн месец, во градот ќе биде отворен нов пункт за уплати и други поштенски услуги. Новата шалтерска сала се подготвува на локација близу судската зграда. Од Пошта сметаат дека е неопходно зголемување на капацитетот со дополнителни шалтери за целосно да се задоволат потребите на граѓаните и да се намалат чекањето и редиците.
„Во новата сала планирано е да се отворат четири благајни за уплата и една за поштенски пратки. Сметам дека тоа ќе биде доволно за потребите на градот, заедно со останатите пошти што ги имаме во Малеарди и истурениот шалтер кај полицијата.“, вели Бетим Мехмеди, директор на гостиварската подружница на Пошта.
Вработените и поштарите во наредниот период ќе добијат униформи, а се предвидува и реновирање на централниот поштенски објект, кој се наоѓа близу Саат Кулата.
„Моментално како претпријатие се соочуваме со финансиски проблеми, неколку месеци не работевме со платен промет. Сепак, имаме помош од Влада и планираме реновирање на главниот објект. Проектото е поминат, а опфатени ќе бидат и салата и канцелариите на администрацијата. Се работи за голем проект од околу 200 илјади евра“, вели Мехмеди.
Пошта повторно ги отвори шалтерите за уплати на сметки и фактури на 1-ви март.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар