Поврзи се со нас

Гостиарски

После 17 години и 8 дена, Гостивар повторно ќе игра за титула

Објавено

на

31 мај, 2000 година, засекогаш ќе биде запишан во кошаркарската историја на Гостивар и Македонија. Тогаш под називот КК Никол Ферт, Гостивар ја освои првата кошаркарска титула во историјата. Веднаш да напоменеме дека периодот од 17 години и точно 8 дена, е пресметан од последниот натпревар на гостиварци во борбата за титула во сезоната 2001/02, односно полуфиналниот натпревар со Куманово на 18 мај 2002, кој Никол Ферт го загуби со 79:71, до почетокот на утрешниот натпревар на КК Гостивар со МЗТ Скопје.

Но, да се навратиме две години наназад и ги потсетиме гостиварци како одмина таа кошаркарска сезона 1999/2000, како Никол Ферт одигра во тогашниот Плеј-оф и како стигна до титулата.

Лигата беше составена од осум екипи и тоа: Никол Ферт, МЗТ Аеродром, Годел Работнички, Куманово, Неметали Огражден, Жито Вардар, Кочани Деликатес и Тиквеш. Се играше четири кружен систем, од кои првите четири пласирани се најдоа во плеј-офот. КК Никол Ферт заврши на првата позиција со скор од 23 победи и 5 порази. МЗТ Скопје втор, Годел Работнички трет и Куманово на четвртата позиција.

КК Никол Ферт во состав: Сичиќ, Књазев, Зивчевиќ, Димов, Гечевски, Петроски, Давитков, Јоловиќ, Сучевиќ, Сотировски и Петрески на коримилото на шампионите беше тренерот Мирослав Георгиевски.

Според распоредот на табелата во полуфиналните пресметки се сретнаа КК Никол Ферт – Куманово и МЗТ Скопје – Годел Работнички. Полуфиналето се играше на две добиени, а финалето, подобар до три.

Полуфинале 1999/2000

Полуфиналната серија со Куманово започна на 29 април 2000 година, во Младост, Никол Ферт поведе со 1:0, кумановци во реваншот возвратија на 1:1. Во мајсторката во Гостивар, Никол Ферт обезбеди финале совладуваќи го Куманово со резулатат 75:55.

Во другата полуфинална двојка Годел ја освои серијата против МЗТ Скопје, со 2:0.

Вредно е да се спомене дека навивачката група Гемиџии, тој период имаше спектакуларни изданија и беа ветар во грб на играчите на Никол Ферт. Ги бодреа „жолто-црвените“ на сите домашни и гостински натпревари во голема бројка.

Со почетокот на финалната серија во Гостивар беше прогласена „вонредна“ состојба. Целиот град беше преокупиран со финалето против до тогаш единствениот шампион кој ги имаше освоено сите 7 титули од осамостувањето на Република Македонија и за кој владееше мислење дека е непобедлив „Џин“.

Финале 1999/2000

Финалната серија започна на 13 мај 2000 година, во Младост во Гостивар, пред повеќе од 2500 гледачи. Избраниците на Мирослав Георгиевски, одиграа одличен натпревар, но седумкратниот шампион со Симиќ, Нешовиќ, Куртовиќ и Докузовски на клупата не потклекнаа лесно на притисокот, натпреварот заврши нерешено 73:73. Во продолжението хрватот Сичиќ ги презеде работите во свои раце и Никол Ферт ја запиша првата победа 82:81, со што започна походот кон титулата. Три дена подоцна во Градски парк, Работнички веднаш возврати на 1-1, во жежок натпревар на кој со остар предмет беше повреден еден од кошаркарите на Никол Ферт.
Следуваше реванш во Гостивар. Овој пат Никол Ферт немаше респект кон гостинот со убедлива победа ја врати предноста и имаше прва меч топка. Со победа во четвртиот натпревар во Скопје, пехрот патуваше за Гостивар. Во тој четврти дуел, Годел Работнички ја покажа сета моќ на теренот. Рутински совладувајќи ги гостиварци, изедначи на 2-2 и психолошката предност беше на нивна страна. Дури пред одигрување на мајсторката медиумите ги прогласија за победници, имаше натписи: „Кожарците“ се поблиску до осмата титула, Нема кој да го запре Годел, CPB подготвени за прослава на титулата.

На 31 мај 2000 година, во спортска сала Младост пред сеуште непознат број на гледачи, се одигра петтиот натпревар помеѓу Никол Ферт и Годел Работнички. На екипата од Скопје им немаше спас, гостиварци го добија тој натпревар, воедно и серијата 3-2, со што ја освоија првата шампионска титула во исторјата на гостиварската кошарка. 

КК Гостивар 2018/2019

Како стои во насловот, после 17 години и 8 дена, КК Гостивар утре започнува нова битка во борбата за кошаркарски шампион овој пат на Република Северна Македонија.

Димитриески, Фурстингер, Сегариќ, Костоски, Ро.Димитриески, Џеладини, Тасоски, Јанески, Ре.Димитриески, Трајкоски, Стефановски, Ефианаи, Димчевски, тренерите Јаковчески, Димитриевски и Марјан Србиноски се екипата која го понесе најголемиот товар во скоро изминатата сезона 2018/19 и ја имаат можноста да го повторат успехот од нивните претходници од пред 19 години.

Со пласманот меѓу најдобрите четири екипи, кои ќе се борат за посакуваниот пехар во Ф4 завршницата, со сета спортска, културна и општествена вредност, медиумското внимание, промоцијата на градот. Признале или не, КК Гостивар му овозможи на Гостивар да биде во центарот на вниманието на една спортска манифестација која се почитува низ целиот свет. А според околностите и реалноста, освен преку кошарката, Гостивар во блиска иднина тешко дека може да си дозволи да биде дел од вакви големи, престижни, спортски и безвременски настани, кои претставуваат гордост за секој гостиварец.

КК Гостивар заврши на 4. место на табелата, според правилата на КФСМ во фајнал-форот играат 1-4, 2-3, гостиварци ја имаат честа да играат против најдобро пласираната екипа на табелата, МЗТ Скопје. Полуфиналната серија започнува утре од 20.15 часот во СЦ Јане Сандански во Скопје, важи правилото подобар од пет натпревари.

Приказната која започна пред неколку години за враќање на кошарката во Гостивар, успеа и тоа како! Со многу вложен труд, време, нерви и средства, Гостивар повторно е во центарот на кошаркарските збиднувања. Непобитен доказ за успехот се овој Ф4 и напорите кои ги направија најтрофејните македонски екипи да го избегнат КК Гостивар во полуфиналната серија. Бидејќи, нема екипа во првенството која не ги остави бодовите во Младост и не се поклони пред гостиварската публика.

Гостивар почнува да зовира пред почетокот на финалната серија, дали идните генерации ќе пишуваат за „Градот на кошарката“ во сезоната 2018/2019, ќе дознаеме во деновите што следат..

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена