Вести
После Буенос Аирес, Рим, Белград, Истанбул и Гостивар добива градско фудбалско дерби
Фудбалската сезона 2018/2о19 започнува на 18 август. Оваа сезона Гостивар ќе има двајца претставници во Втората Македонска фудбалска лига – Запад.
Фудбалската федерација на Македонија го објави распоредот на натпреварите од сите лиги. Ждрепката сакаше дуелот помеѓу ФК Гостивар и ФК Генч Калемлер да го закаже во третото коло. Првото големо градско дерби помеѓу овие две екипи ќе се одигра на 2 септември. Домаќин ќе биде дебитантот во Втората МФЛ екипата на Генч Калемлер. Додека реваншот ќе се одигра во 12 коло, на 3 ноември 2018.
Со овие натпревари Гостивар влегува во друштво на големите светски метрополи како Буенос Аирес, Рим, Милано, Белград, Сао Паоло, Истанбул, Лондон кои можат да се пофалат со ваков фудбалски спектакл.
Бидејќи и двете гостиварски екипи домашните натпревари ќе ги играат на Градскиот стадион распоредот ќе биде наизменичен една екипа ќе игра на домашен терен, другата ќе гостува.
На отварањето во првото коло ФК Гостивар ќе гостува на екипата на Кораб, додека Генч Калемлер ќе ја пречека екипата на Тетекс.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар