Вести
После Пекинг, Лос Анџелес и Виена, филмот „Исцелител“ ќе се прикажува и во Гостивар
По успешната фестивалска турнеја на македонскиот игран филм „Исцелител“ на светските филмски фестивали, филмот во сабота ќе се прикажува и во Гостивар. Проекцијата е закажана за во сабота, во Центарот за култура АСНОМ со почеток во 19 часот.
„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, односно исцелител.
„Исцелител“ од својата премиера во ноември 2017-та, за само шест месеци, се прикажуваше на 23 светски филмски фестивали. Филмот освои 9 меѓународни награди, меѓу кои повеќе за најдобар филм во САД, Италија, Франција, Австрија. „Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58 годишното постоење на фестивалот.
„Исцелител“ беше прикажан на три филмски фестивали во САД, исто толку во Индија, на најголемиот фестивал во Иран, на еден од најголемите фестивали во Кина, на фестивал во Колумбија, на престижниот „Црни ноќи“ во Естонија и на многу други европски филмски фестивали.
За филмот бравурозни рецензии објавија неколку од најзначајните светски филмски списанија меѓу кои и „Variety“, „Holywood Reporter“, „Screen Daly“ и „Senses of Cinema“, но и значајни балкански и македонски списанија.
По скопската премиера на затворањето на „Синедејс“ филмот се прикажуваше во кината Милениум и Синеплекс, а филмот беше прикажан и во склоп на „Контра кадар“ и „Академска сцена“ во кино Култура и на ФДУ.
Филмот се прикажуваше и во Битола, Кочани, Кичево, Куманово, Прилеп, Штип и Велес. Во кината низ Македонија, „Исцелител“ го погледнаа повеќе од 12 000 гледачи.
Главните улоги во „Исцелител“ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.
Во текот на утрешниот ден Gostivarpress.mk во соработка со Центарот за култура ќе доделат гратис влезници за проекцијата на „Исцелител“ во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди