Поврзи се со нас

Македонија

Последни три дена нови 290 заразени со коронавирус

Објавено

на

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 01.07 до 03.07.2022) направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи со КОВИД-19 и 250 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Во текот на изминатите три дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 290 новозаболени од Скопје се 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

Од 250 оздравени пациенти од Скопје се 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698.

Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 935.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена