Рецепти
Посна крем супа од тиква и компир

Крем супите го збогатуваат секое мени, а особено се добар избор за време на студените денови. Посната крем супа од тиква и компир ќе им одговара и на оние кои постат и на оние кои не постат бидејќи е многу вкусна и здрава, особено затоа што густината се добива од самиот зеленчук, а не како вообичаено, со додавање брашно и слични постапки.
Потребни состојки:
- 3 лажици маслиново масло
- 450 гр излупена тиква
- 100 гр праз
- 30 гр праз
- 30 гр млад кромид
- 3-4 чешниња лук
- 400 гр излупени компири
- 60 гр моркови
- сол и мелен црн пипер по вкус
- 1 лажичка сув зачин
Начин на подготовка:
Празот, младиот кромид и лукот се сечкаат ситно, па се пржат на масло да омекнат. Истурете литар топла вода, додадете ги исечената тиква, компирите и морковите, додадете го биберот по вкус и кога ќе зоврие, варете полупокриено додека зеленчукот не омекне.
Процедете, но не фрлајте ја течноста. Изгмечете го зеленчукот во блендер. Зеленчукот вратете го во течноста, додадете го сувиот зачин, а по потреба сол и бибер, а доколку е потребно, ако супата е многу густа, додадете чаша топла вода. Оставете да зоврие, па тргнете го од оган. Послужете топло.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022