fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Потпишан колективен договор меѓу синдикатот на УПОЗ и Општина Гостивар

Објавено

на

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Општина Гостивар денес потпишаа колективен договор за регулирање и унапредување на правата на вработените во општината.

„Со ова се регулирани правата на работниците од сите права од работен однос, значително подобрени во повеќе сегменти, Овој колективен договор со правата кои ги обезбедивме за вработените е врв на колективното договарање. Сакав да искажам благодарност од градоначалникот и да ги повикам вработените, членови на нашиот синдикат одговорно и професионално да ги извршуваат работните обврски, затоа што од работодавачот е пружено се‘ максимално во делот на работните односи од плати, надоместоци, додатоци, одмори итн.“, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.

Колективниот договор беше усвоен во општинскиот Совет минатиот месец.

„Ние како Општина Гостивар ќе ги спроведеме сите прдвидени услови во колективниот договор, и до сега сме се обидувале да ги исполниме сите потреби на вработените, така и понатаму ќе продолжиме со исто темпо“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!