Поврзи се со нас

Македонија

Потпишан Општиот колективен договор, јавниот сектор од септември со 10 % повисоки плати

Објавено

на

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска после 15 години потпишаа нов Општ колективен договор за платите во јавниот сектор.

Согласно Општиот колективен договор, од септември 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината во висина од 10 илјади денари. Во општиот колективен договор стои одредба за исплатата на К – 15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата. Договорено е новата методологија за пресметка на платите за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година.

Тренчевска изрази задоволство што сите заедно, синдикатите, работодавачите и Владата односно членовите на Економско-социјален совет, донеле системско и одржливо решение за пораст на платите за вработните во јавниот сектор. Според неа, ова е значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен.

„Како Влада и надлежно Министерство за прашањето во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Низ дисусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензии, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите за вработените во јавниот сектор, и не само тоа, туку и методологија што обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права, вреднување на трудот на работникот“, изјави министерката Тренчевска.

Нагласи дека како Влада продожуваат заедно низ дијалог да носат системски решенија што се правични и даваат резултати на долг рок.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека со Општиот колективен договор завршува процес кој траел три години, а 15 години по потишувањето на последниот колективен договор за јавниот секор.

„Се исправи една неправда кон вработените во јавниот сектор. Договорот значи дека на 1 септември вработените добиваат 10 проценти повисока плата, и регрес за годишен одмор од 10.000 денари до крајот на годинава, а следната ќе биде 30 проценти од просечната плата“, истакна Трендафилов.

Посочи дека вработение во здравството, образованието, армијата, полицијата и други сектори, прв пат ќе добијат регрес за годишен одмор.  Општиот колективен договор предвидува и други поволности – елиминира политички влијанија при одредување на платите, право на јубилејна награда за 10, 20, 30, 40 години стаж, дополнителни денови платен одмор…

Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавија дека нема да го потпишат Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција информира дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор  за кој рече дека е „камен на сопнување“.

Според Ралповски, предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.

Од Самостоен синдикат за образование, наука и култура – СОНК, пак, реагираа дека потпишан Општ колективен договор е без конкретни одговори на поставените и отворени прашања. Финалниот текст на договорт е привилегија само за ССМ и владините претставници, велат од СОНК.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 5 часа

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Македонијапред 7 часа

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Македонијапред 10 часа

Од утре започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Вестипред 11 часа

Про-руската партија СМЕР ССД победи на парламентарните избори во Словачка

Рецептипред 1 ден

Слатко задоволство на многу генерации: Рецепт за лесна подготовка на туфахија

Гостиварпред 1 ден

Советничките Ќироска и Нешковска гости во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk

Занимливостипред 1 ден

На денешен ден..

Македонијапред 2 дена

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 2 дена

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена