Македонија
Потпишан Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Претставниците на 29 земји членки на Северно атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Пред потпишувањето на протоколот, генералниот секретар Јенс Столтенберг се обрати до присутните и го најави министерот, Никола Димитров, кој рече дека ова е доказ дека можеме да ги решaваме проблемите со кои се соочуваме и дека ова ќе испрати смирувачка порака во регионот во кој сѐ уште има неизвесност. Уште нагласи и дека сме подготвени да ги преземеме одговорностите што доаѓаат со полноправното членство во алијансата.
По што се премина на поединечно, своерачно потпишување од страна на амбасадирите на земјите членки на Протоколот за прием на Македонија во НАТО.
Македонија со ова ќе може да присуствува на сите клучни формати на НАТО, но нема да има право на глас, ниту ќе може да учествува во најдоверливите и најчувствителните состаноци, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство. Со денешното потпишување, почнува процесот на ратификација на протоколот од страна на парламентите на сите земји членки на НАТО, кој може да трае до година и повеќе.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?