Поврзи се со нас

Македонија

Потврда за неосудуваност може да се извади на порталот uslugi.gov.mk

Објавено

на

    На националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови – Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица.

    Со новата услуга за дигитална потврда за неосудуваност се заокружува пакетот најважни дигитализирани услуги за граѓаните, покрај веќе достапните – изводи од матичните книги, уверение за државјанство,  имотен лист и за сопственост на возила.

    Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопштувајќи ја новината денеска на прес-конференција рече дека станува збор за најкористените тековни услуги од основните судови, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

    -Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност,  станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури, рече Андоновски, додавајќи дека граѓаните повеќе нема да чекаат со часови пред судските шалтери и архиви.

    Како што рече, во следните месеци ќе има и „нов бран“ е-услуги што ќе им бидат достапни на граѓаните и ќе бидат од обласите транспорт, енергетика, образование и здравство.

    Прашан за вмрежување на институциите дигитално за проверка дали постојат или важат одредени лиценци, Андоновски соопшти дека Министерството за дигитална трансформација ќе изработи софтвер за смарт лиценци кој ќе го тестира и ќе им гио понуди на институциите кои ќе треба да ги дигитализираат внатрешните процеси. Посочи дека институциите се веќе поврзани преку Националната платформа за интероперабилност, но дека таа е недоволно искористена зашто во моментов на неа се приклучени околу 50 институции. Во последните седум години, рече, таа немала ни соодветно одржување и не се развиени нови алатки.

    -Поттикнати од трагедијата во Кочани, ние ќе го изработиме тој софтвер што ќе го ставиме на располагање на сите други институции … Софтверот  и алатката што ќе ги развиеме ќе биде многу едноставна за користење. Практично, таа само ќе алармира кога ќе се работи за недостиг на некои од доказите што некој ги предвидел. На пример, за да имате лиценца обврзани сте да имате тројца вработени, во моментот кога вашата бројка ќе падне под три, системот ја алармира институцијата дека некој од условите не е исполнет, појасни Андоновски.

    На прашање дали Министерството за дигитална трансформнација  ќе се вклучи во креирање споредбен дигитален ценовник на артиклите што ги продаваат сите маркети во државава, по нивната обврска секој самостојно да ги објавува цените, Андоновски одговори дека на владина седница ќе биде разгледано која институција би ја презела таа обврска.

    -Иако за следење на цените и однесувањето на пазарот и на трговците е надлежно Министерството за економија и не би сакале да се мешаме во нивните надлежности, доколку биде побарано од нас каква било поддршка или, пак, ние да го изработиме овој софтвер, тоа ќе го направиме, додаде министерот Андоновски.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена