Гостивар
Потврден прв заболен со коронавирус во Маврово и Ростуше – Кризниот штаб повика на строго придржување до мерките

Регистриран е првиот позитивен случај на коронавирус на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше. Како што информираат од тамошниот Кризен штаб, резултатите стигнале денеска, во попладневните часови, а пациентот е веќе згрижен на инфективно одделение во општата болница во Гостивар, и е во добра здравствена состојба.
„Кризниот штаб стапи во контакт со епидемиологот од гостиварската болница и ги доби сите информации и совети за превентивно делување со лицата кои биле во непосреден контакт со инфицираното лице. Ние веруваме и посакуваме што побрзо нашиот сограѓанин да оздрави и да се врати покрај својата фамилија, покрај сите нас. Уште еднаш, упатуваме апел до сите наши сограѓани, строго да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Министерството за Здраство, сите ние да носиме заштитни маски и ракавици, да не се собираме во групи, да држиме растојание од 2 метри, да избегнуваме одење на гости и по други градови. Колку сме подисциплинирани толку побрзо ќе ја надминиме оваа кризна состојба.“, соопштија од штабот.
Денес пристигнале и резултати од тестирање за Ковид 19 за уште еден жител на оваа општина, кои биле негативни.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!