Македонија
Потврдени 1.171 нови корона заразени во последни три дена
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 29.07 до 31.07.2022) направени се 2.631 тестови, а регистрирани се 1.171 нов случај со КОВИД-19, тројца починати од Скопје на возраст од 75, 80 и 83 години и 1.390 оздравени пациенти. Трите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 1.171 нов случај од Скопје се 485, Битола – 87, Кавадарци – 78, Прилеп – 61, Куманово – 60, Охрид – 51, Гостивар – 49, Велес – 43, Тетово – 32, Штип и Струга – по 29, Струмица – 28, Кичево – 23, Гевгелија – 18, Неготино – 15, Ресен – 14, Кочани – 13, Радовиш – 11, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 6, Виница и Демир Хисар – по 5, Богданци – 3, Берово, Кратово и Крушево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.
Од 1.390 оздравени пациенти од Скопје се 749, Битола – 117, Кавадарци – 84, Прилеп – 75, Велес и Струмица – по 45, Куманово – 36, Штип – 33, Тетово – 32, Неготино – 25, Гостивар – 19, Гевгелија – 17, Ресен и Радовиш – по 15, Охрид – 13, Кочани – 12, Кичево и Крива Паланка – по 10, Кратово – 6, Валандово и Демир Хисар – по 5, Македонски Брод и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Крушево – по 3, Богданци, Демир Капија и Делчево – по 2, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Направени се 2.631 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-44, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–124, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-88, Биотек-110, Систина-77, лабораторија Лаор-21, Синлаб-13, Ремедика-5, Плодност-31, Генеа-28, Никоб Лаб-122, ВФВ Медикал-27, Ели МедикаПлус-34, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-16, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.276
Досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирање на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 328.180, бројот на оздравени пациенти е 313.833, на починати е 9.373, а на активни случаи изнесува 4.974.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар