Поврзи се со нас

Гостивар

Потврдени нови 11 корона позитивни во гостиварско

Објавено

на

Пораст на бројката на заразени со коронавирус на поширокото гостиварско подрачје. Министерството за здравство потврди вкупно 11 нови случаи. Гостиварските медицински служби имаат информација дека 5 се од територијата на Општина Гостивар, 3 од Општина Врапчиште, додека за останатите до овој момент нема податок на која општина се жители.

Во денешниот извештај на Министерството за здравство регистрирани се и два оздравени пациенти од регион на Гостивар.

Со тоа, вкупната бројка на активно болни од Ковид во трите општини Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше се движи околу 60.

Во продолжение комплетното соопштение за состојбата со корона од МЗ:

Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19. По региони: Скопје 70, Куманово 2, Дебар 6, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 25, Струга 4, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Кавадарци 3, Гостивар 11, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 3, Свети Николе 4, Ресен 4

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42 г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71 г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83 г) хоспитализирана на 23 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.

– Скопје 6, Куманово 1, Штип 16, Прилеп 1, Тетово 9, Велес 2, Битола 1, Гостивар 2, Кочани 1, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена