Гостивар
Поведена истрага против гостиварец осомничен за дилање марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22 годишен гостиварец за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Осомничениот неовластено заради продажба држел 51,8 грама наркотична дрога марихуана. Помал дел од дрогата ја држел кај себе, спакувана во најлонско пакување во кутија за цигари. На 7 февруари, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар се обиделе да го легитимираат, тој се дал во бегство и дрогата ја фрлил на земја. Следниот ден, при извршен претрес во домот на осомничениот, остатокот од дрогата бил пронајден во помошна просторија за чување огревни дрва, во неколку пакувања скриени во метално буре.“, се наведува во соопштението на обвинителството
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, со образложение дека постои опасност од бегство, како и можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците или да го повтори кривичното дело,
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година