Поврзи се со нас

Македонија

Повеќе нема да има спортисти на рекламите за обложување!

Објавено

на

    Министерот Борко Ристовски во име на Министерството за спорт и генералниот директор на Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, Костадин Каракабаков, денеска потпишаа меморандум за соработка во дејноста спорт.

    Според меморандумот, во иднина нема да има спортски ликови на рекламите за обложување.

    • Ова е еден чекор што најпрво ќе ја продлабочи нашата соработка и за мене е посебно важно што во иднина ќе промовираме вистински вредности кои се важни за спортот и за нашето општество. Свесни сме дека во изминатите години целата оваа работа генерално, со казина, со обложувалници и со брзи кредити, излезе малку од контрола. Горд сум што успеавме заеднички, во рамките на овој меморандум да ставиме рамка, тука не зборувам за законска, туку за етичка и морална. Овој меморандум значи разбирање меѓу двете страни и подразбира етички и морален однос во кој спортистите – поранешни, сегашни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа. Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е убав почеток на идна соработка, изјави министерот Ристовски.

    Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, се обврзува да се воздржи од ангажирање на општествено препознатливи личности во ликот на поранешни и активни врвни спортисти во свои рекламни кампањи во делот на директно рекламирање и промоција на производи кои се однесуваат или поттикнуваат обложување и коцка.

    • Како компанија низ своето децениско работење, во бројни наврати, покажавме дека сме верен пријател на спортот. Поддржувајќи различни ентитети на клупско, репрезентативно и индивидуално ниво во бројни спортови, како: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, борење, алпинизам и други, докажавме сериозност во градење на концептот за опшествена одговорност и промовирањето на спортот како општо добро. Сметаме дека потпишувањето на Меморандумот за соработка е добра идеја, со која ние и во иднина ќе придонесеме спортот да биде препознаен, како и да ја добие заслужената поддршка, особено во промовирањето на талентираните спортисти и поттикнувањето на младите да развиваат спортски вештини. Тоа е начинот на градење на заеднички спортска иднина, од која бенефит ќе има нашата земја – Македонија, истакнуваат од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена