Деца Родители
„Повеќе од игра“ работилници за деца со психологот од Гостивар Слаѓана Анѓелкоска

Детската игра каква што беше пред 20 години е незаменлива во развојот на детето, таквите игри правеа сè што е важно за децата, односно ги подготвуваа за живот. Најважен период за развојот на мозокот и интелектуалните способности е до 12-тата година, а особено првите неколку години од животот.
Слаѓана Анѓелкоска, доктор по психолошки науки од Гостивар организира серија работилници за креативен-психолошки развој на децата.
„Пред вас е можноста да ги поттикнете вашите деца во што поголема мера да го достигнат својот биолошки потенцијал. Човековиот мозок е составен од два дела кои се поврзани меѓу себе и не можат еден без друг, но едниот е секогаш подоминантен и тој ја одредува нашата склоност кон одредени области. Со посебно креирани картички оценуваме која хемисфера кај детето е поразвиена. Оттргнете ги децата од модерните интернет-игри, вратете ги игрите со кои се поттикнува развојот на нивната интелигенција.
Психолошко-едукативната програма „Повеќе од игра“ поаѓа од тоа дека секое дете во себе има вроден потенцијал кој настојуваме да го препознаеме, а потоа да го развиеме.
Користиме сликички, картички, игри со кои го развиваме функционалното знаење, поттикнуваме експериментирање и смислување нови класификации. Задачите и активностите придонесуваат за развој на креативното мислење кај децата и го стимулираат развојот на интелигенцијата низ игра, бидејќи играта е внатрешната потреба на детето.
Низ креативни активности придонесуваме за:
-Ќе откриеме која страна на мозокот е поразвиена,
-Наизменично активирање на двете хемисфери на мозокот
-Подигнување на нивото на интелектуалните способности кај децата,
-Зголемување на концентрацијата и вниманието кај децата,
-Рано откривање на надареноста кај детето,
-Развивање на брзината на размислување, поврзување и заклучување.
На онлајн-работилниците детето се смее, игра, може да зборува, да предлага свои идеи, ги охрабруваме со меѓусебно слушање и почитување, поврзување и слободно изнесување на нови идеи. Работилниците се одржуваат еднаш неделно и траат по 60 минути“, појаснува Анѓелкоска.
Програмата се реализира во неколку фази:
1.Фаза – Процена на доминантноста на хемисферите.
2.Фаза – РАЗВОЈ НА СИНАПСИ – Вежби за моторика, графомоторика и акомодација на очите.
3.Фаза – РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА.
4.Фаза – СТИМУЛАЦИЈА НА РАЗВОЈ НА МИСЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ.
5.Фаза – АСОЦИЈАЦИЈА И АНАЛОГИЈА.
6.Фаза – ФУНКЦИОНАЛНО РАЗМИСЛУВАЊЕ.
Сите вежби се приспособени на возраста на детето и неговите можности. Родителите може да се информираат подетално на бесплатна средба на 27.01.2021 год. во 19 часот на „Зум“. Повеќе информации и пријавување на информативната средба на 078/263 078 и на as.anima@hotmail.com
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022