Поврзи се со нас

Македонија

Повеќе умрени отколку новородени на државно ниво, во Гостивар обратно

Објавено

на

Државниот завод за статистика соопшти дека природниот прираст на населението во земјава е намален. Во четвртото тримесечје од 2022 година изнесува – 616 лица што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто. Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021  година, односно 5 043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 762 бракови и нивниот број е намален за два отсто во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Според податоците од ДЗС, во Гостивар во четвртото тримесечје од 2022 година се бележи позитивен природен прираст. Биле родени 134 бебиња, а починале 127 лица. Имало 129 склучени бракови, додека 46 парови се развеле.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 7 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена