Гостивар
Повеќе зеленило и нов пешачки мост на Вардар со прекуграничен проект на Гостивар и Витина

Општините Гостивар и Витина (Косово) заеднички ќе бараат пари од ЕУ за реализација на проект во рамки на ИПА програмата, преку кој би требало да се подобри квалитетот на живот и условите за граѓаните на двете општини. Деталите околу соработката денес ги разгледуваа градоначалниците на средба кај домаќинот Арбен Таравари.
„Посебна чест ми претставува посетата на пријателот на Гостивар, градоначалникот на општина Витија, г. Сокол Халити. Соработката меѓу општина Гостивар и општина Витина ги дава првите плодови. Беше тоа пријатна работна средба на која по прифаќањето на концепт нотата за заедничка апликација во ИПА фондовите за прекугранична соработка, релевантните тимови денеска разговараа за втората фаза од аплицирањето со заеднички проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните на нашите две општини. Во рамките на ИПА II – проект за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, во нашите општини планираме да ги поправиме пешачките мостови и да ги прошириме зелените површини и спортско-рекреативните терени.“, наведе гостиварскиот градоачалниик.
Според плановите во Гостивар е предвидено да се изгради нов пешачки мост помеѓу двата големи моста на реката Вардар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава