Гостивар
Повеќето училишни библиотеки во Гостивар ќе станат дел од националната виртуелна библиотека
Библиотеките во гостиварските училишта добиваат можност бесплатно да се вклучат во Кобис системот, кој претставува национална виртуелна библиотека. Условите и придобивките од ваквото вмрежување, денес беа презентирани пред претставници на училиштата.
За учениците и професорите тоа би значело поголема достапност на книги преку интернет и лесно пребарување на литературата.
„Во Гостивар сме за да ги презентираме можностите што Кобис ги нуди и да ги повикаме основните и средните училишта да се приклучат, со што ќе се овозможи унапредување на образованието во општината. Системот функционира со софтвер кој овозможува дигиталиација на сите процеси во библиотечното работење. Се креира електронски каталог кој е јавно достапен , преку кој сите можат да видат со какви публикации располага библиотеката, автоматизација на користењето на библиотечниот фонд, и корисниците можат и преку интернет да си резерврираат пбликации“. изјави Жаклина Ѓалевска, одговорна во Кобис.
Општинскиот Сектор за образование планира поголем дел од училиштата да станат дел од националната виртуелна библиотека. Освен техничките подготовки, библиотекарите ќе треба да посетуваат посебна обука.
„Ги слушнавме условите, можностите и планираме повеќето училишта да се вклучат во оовј систем. Секако, претходно библиотекарите треба да поминат соодветни обуки и да се обезбедат останатите подготовки. Сега, со оглед дека е 30 годишнина на Кобис има поволности кои во текот на оваа година може да се искористат, а потоа тие обврски за плаќање ќе останат на општината, околу тоа би барале и поддршка од Министерството за образование“, рече Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Гостивар
Во библиотечниот информациски систем Кобис актуелно се вклучени 70 институции од Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар